Во Штип надминат максимумот на потрошена вода, во Кочани се уште стабилна ситуација

И покрај големиот број апели од страна на директорот на ЈП „Исар“ Здравко Коцев за рационално користење на водата за пиење во моменти кога температурите растат, граѓаните повторно и повторно догстигнуваат максимум. Претходната недела особено викендот потрошувачката на вода беше енормно зголемена односно се трошеа по 410 литри во секунда вода. Влезот на вода во филтерстаницата е 250 литри во секунда а излезот за малку па двојно.

Од Јп Исар апелираат и повикуваат на совестност од граѓаните.

„Како резултат на високите температури во текот на претходната недела, а особено викендот потрошувачката на вода значително се зголеми со максимален излез од филтер станицата од 380 до 410 литри во секунда. Од овие причини апелираме на совесно користење на водата за пиење односно да не се полеваат тревници, да не се наводнуваат градини, да не се перат дворовите и возилата во дворовите. Сите заедно да бидеме хумани и солидарни се со цел да не дојде до намалување на притисоците во водоводната мрежа и прекин на водоснабдувањето особено во повисоките делови од градот.“- стоеше во соопштението од ЈП „Исар“ .

За разлика од Штип, во Кочани регистрирана е зголемена потрошувачка на вода меѓутоа сеуште не е надминан максимумот.

„ Излез на вода во Кочани има 280 литри во секунда, последното зголемување на вода кое е регистрирано е 275 литри во секунда. Има зголемување, но ние сме подготвени и не се планирани рестрикции бидејќи може да одговореме на барањата на потрошувачите. Сепак апелирам рационалано да се користи водата“ – истакна директорот на КЈП „Водовод“ Кочани, Андреј Киров.

Лаура Стојанова М-Нет