
Високите температури и сончевто време со појава на јужен ветер ќе се задржат и денеска и утре. Во Источниот регион дневните температури ќе се задржат во интервал до 25 степен. Пад на температурите и делумна промена на времето се очекува веќе во недела, кога во делови од државата ќе има и појава на краткотрајно невреме.
„Веќе во недела ќе имаме пад на дневната температура, ќе имаме локални врнежи од дожд проследени со грмежи и оваа нестабилност се очекува во Источните делови од земјата, а во понеделник нестабилност ќе има во повеќе места во државата, локално и во форма на краткотрајно невреме.“ – вели Сидановска Мишкоска.
Но, веќе од наредната недела односно од вторник се очекува драстична промена на временските улсови. Температурите од 25 степени во сабота ќе падната на 7 степени во вторник. Ќе има врнежи од дожд, а на планините врнежите ќе бидат од снег.
„Позначително опаѓање и позначителна промена на времето се очекува во вторник. Дневната температура некаде до ќе биде до 7 – 8 степени, ќе имаме врнежи од дожд, а на планините снег. Во среда и четврток ќе имаме постудени утра, а дневните температури ќе бидат во постепен порст“ – вели Сидановска Мишкоска.
Кон крајот на наредната недела температурите ќе бидат во постепен пораст, но нема да бидат високи како сегашните. Во првите 15 дена од месец март температурите беа над просекот за овој период од годината.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет