
Во пожар во двор во село Ерџелија, изгореле 1300 бали сенo и 200 бали слама.
На 08.09.2025 околу 22:20 часот во СВР Штип било пријавено дека настанал пожар во двор во с. Ерџелија, светиниколско, сопственост на С.С.(40) од с.Ерџелија. Од пожарот биле зафатени и изгорени 1300 бали сено и 200 бали слама. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Свети Николе. Увид бил извршен.