Во мир и тишина, сеќавајќи се на починатите ученици, СОУ „Јане Сандански“ Штип го одбележа патрониот празник

Во мир и тишна и со сеќавање кон починатите од пожарот во дискотеката во Кочани, СОУ „Јане Сандански“ Штип денеска го одбележа својот патрон празник. Сите активности кои беа подготвени претходниот период беа откажани, бидејќи од ова училиште загинаа пет ученика во страшната трагедија. Ова е најтешкиот период за училиштето, истакна директорката Марија Николиќ, која истакна дека споменот за починатите вечно ќе се чува во училиштетото.

„Средното медицинско училиште „Јане Сандански“ Штип го запишува најтешкиот период во историјата на постоењето на нашето училиште. Денес по повод 110 години од смртта на Јане Сандански ние како училиште одлучивме да ги откажеме сите активности кои беа планирани во врска со партон празникот. Трагедијата која се случи е причина со оглед на тоа што ние изгубивме тројца сегашни и двајца завршени ученици.“ – вели Николиќ.

Денеска во склоп на одбележувањето на 110 годишнината од загинувањето на Јане Сандански во средното медицинско училиште се спроведе крводарителска акција во соработка со Црвен крст Штип.

Инаку, претходно на достоинствен начин, им се оддаде почит на починатите ученици од трагедијата во Кочани.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет