Со коцка ќе биде поплочен просторот во најстарата штипска населба, Стар Конак

Започна уредувањето на една од најстарите населби во Штип, Стар Конак. Просторот ќе биде поплочен со коцка, а претходно на оваа локација се работеше на промена на водоводната и канализациона мрежа. Издвоени се околу 1 милион и 600 илјади денари пари од Буџетот на Општина Штип и се очекува уредувањето да биде готово во наредните неколку дена.

„Деновиве започнуваме со уредување на една од најстарите градски населби, тоа е Стар Конак. Овде плоштадот, каде претходно на него се работеше, како и промената на водоводната линија денеска започнува да се уредува. Ќе се поплочува со соодветна коцка. Некаде околу милион и 600 илјади денари се одвоени од Буџетот на Општина Штип и верувам дека во наредните денови, оваа површина ќе биде уредена и ќе добие поубав изглед.“ – вели Јорданов.

Јорданов истакна дека повеќе од знајчано е што конечно започна уредувањето на оваа населба. Потсети дека сите улици кои се работат на територија на Општина Штип, најпрво се изложени на промена на водоводната и канализациона мрежа, пред да бидат асфалтирани и целосно уредени.

„Ова е една од најстарите населби, доста значајна за нашиот град, но во минатото многу малку е свртено внимание од страна на Локалната самоуправа. Ме радува што еве конечно влегуваме со одредени активности да биде соодветно истретирана“ – додава Јорданов.

Во меѓувреме се работи и во неколку останати населени места во Штип. Со подобрување на временските услови се зголемува динамиката на работа, со цел градот да добие модерен и урбан изглед, а граѓаните подобро место за живеење.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет