Во Крушево соочување на Питу Гули и Превалец, Големо Коњари ќе се соочи со Дреново

Утре ќе се одиграат натпреварите од 13. коло на Третата лига – Југ, натпревари кои беа одложени поради обилните врнежи од дожд, а кои требаше да се одиграат минатиот викенд.

Во Крушево ќе се соочат Питу Гули и Превалец, меч важен и за двете екипи. Гостинот моментално е на третото место со 21 бод, а пак домаќинот е на осмото место со 16 бодови.

Лидерот Големо Коњари на домашен терен ќе игра со Дреново, во меч каде лидерот ќе биде голем фаворит за нови три бодови, а со тоа да продолжи да го чува првото место кое води кон баражот за можен пласман во Втората лига.

Слога Лажани која е во долниот дел од табелата ќе се соочи со екипата на Влазними Јуниор. Домаќинот ќе се обиде да изненади, а пак гостинот ќе сака подобар пласман на табелата.

Поранешинот второлигаши Росоман ќе се соочи со Ултрас каде Росоман ќе сака нови три бодови за атак на врвот. Младост во Кривогаштани ќе се соочи со Бучин, во дуел на две екипи од средината на табелата.

Во рамки на 13. коло слободни се екипите на Венец од Долни Дисан и екипата на Башкими 2008. Натпревари ќе започнат во 13 часот.

Александар Ванев, М-Нет