Домашна мастика изработена од Драги Петров може да се најде на пазарот во Штип, ја продава по 400 денари

Домашна мастика, направена од вредните раце на Драги Петров од виничко Драгобраште од сега може да се купува на неговата тезга на пазарот во Штип. Ја подготвува од ракија, анасон и други додатоци кои како што вели за М-Нет се тајна на неговата мала винарија. Вели дека секоја работа има своја тежина, но за него правењето мастика претставува задоволство, па истата ја продава по 400 денари.

“Тоа се повеќе рецепти, зависи кој со какви рацепти работи, а основниот производ е анасонот кој што се користи за мастика и секој со свој рецепт. Па тоа се од ракија со други додатоци што се доставаат исклучливо домашни, нема ништо вештачки. Да да, варе се исто како ракија. Да во казан, се става анасон, се става и други таму мастикоси. Од 44 до 46 степени”, вели Петров

Драги е среќен што има свој наследници, па околу него помагаат неговите синови, кој заучуваат да работата како својот татко.

Инаку, Оваа мастиката може да се пие како ликер, но најчесто се послужува во високи цилиндрични чаши, во кои се става по 100 мл и се долева ладна вода. Исклучително освежителен пијалак летно време, поради „бронхи“ мирисот и вкусот на анасон.

Лаура Стојанова, М-Нет