Во кој третолигашки регион ќе биде најгусто за второлигашкиот бараж?

Третолигашите продолжуваат со пролетната борба да стигнат до шампионскиот пехар кој има вредност на бараж кој води кон Втора лига. Во четири третолигашки регион таа борба е сведена на две екипи, само во Трета лига – Југозапад трката ја водат четири екипи.

Токму во овој регион Влазними од Струга е на врвот со 25 бодови, Славеј е втор со 23 бодови, а пак Могила и Караорман го делат третото место со по 22 бодови.

Меѓу овие четири екипи ќе бидат трката за тоа кој да биде прв и да игра бараж за влез во Втора лига, тоа што го анализиравме и во спортскиот магазин Трибина на М Нет телевизија.

Во Трета лига – Југ трката е сведена на Борец кој е прв со 49 бодови, а Превалец е втор со 43 бодови, но со меч помалку, кој доколку го добие тогаш ќе биде на минус три од велешкиот тим кој сака експресно враќање во Втора лига.

Иста е и ситуацијата во Трета лига – Север каде Еуромилк ГЛ е прв со 52 бодови, а пак БВК Коњаре е втор со 47 бодови, односно „лисиците“ имаат плус пет и одат кон баражот за влез во Втора лига.

Во Трета лига – Запад на врвот е Камјани со 37 бодови, а пак втор е Влазерими од Кичево со 35 бодови, но лидерот има меч помалку, кој доколку го добие ќе дојде на плус 5 во однос на најголемиот конкурент.

И во овој третолигашки регион трката за второлигашкиот бараж е сведена на овие две екипи.

Во Трета лига – Исток исто така се тркаат Овче Поле и Победа Валандово, „овчарите“ имаат 37 бодови, а пак „калинкарите“ имаат 29 бодови, но тимот од Свети Николе има три меча повеќе во однос на тимот од Валандово.

Оваа ќе значи дека ако Победа ги добие тие три натпревари ќе избие пред Овче Поле, било каков кикс на Победа, ќе го задржи Овче Поле на врвот.

Покрај петте шампион во Трета лига во баражот влегуваат и многу извесно второлигашите Каменица Саса, Тетекс и Кожуф.

Александар Ванев, М-Нет