Во Кочани ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи натпартиски кандидат, д-р Влатко Грозданов

ВМРО ДПМНЕ на вечерашниот состанок ги соопшти кандидатите за градоначалници на повеќе општини.

Во Кочани, ВМРО-ДПМНЕ ќе застане зад натпартискиот кандидат, доктор Влатко Грозданов.

Според одлуката на партијата, кандидат за градоначалник на Кисела Вода ќе биде Бети Стаменкоска Трајкоска, во Старо Нагоричане – Мирослав Славковски, во Дојран – Илија Тентов, во Долнени – Сашко Велјановски, а во Ранковци – Даниел Павловски.