Во Зрновци снаа физички ја нападнала свекрвата

73– годишна жена од с.Зрновци – кочанско, во Полициска станица Кочани пријавила дека на 13.05.2020 околу 13.00 часот во семејната кука во село Зрновци, нејзината снаа В.К.(52) физички ја нападнала. Се работи на комплетирање на случајот, по што против В.К. ќе биде поднесена кривична пријава, информираат од СВР Штип.