
Откако е донесена Уредбата на Владата за задолжително носење заштитна опрема на јавно место, на подрачјето на СВР Штип, поради непочитување вкупно 71 лице писмено се предупредени, а на 4 лица и 3 одговорни во правни лица издадени им се прекршочни платни налози. Неносењето заштитна маска се казнува прекршочно и изнесува 20 евра во денарска против вредност за физички лица, а за компаниите каде ќе бидат затекнати вработени или посетители без заштитна опрема истите ќе се казнат со 2000 евра во денарска против вредност – информираат од СВР Штип.
СВР Штип апелира граѓаните да ги почитуваат препораките и Уредбата на Владата за задолжително носење заштитна опрема на јавно место, заради заштита и спречување на ширење на корона вирус. Од страна на полициските службеници ќе бидат преземани мерки и секое непочитување ќе биде санкционирано согласно законските прописи.