Во завршна фаза проектот „Штип и Берово заедно за подобруваше на условите за живот на ромската заедница„

Проектот „Штип и Берово заедно за подобрување на условите за живот на ромската заедница“ во тек на реализација и во двете општини. Во Берово во текот на вчерашниот ден на граѓаните роми им се доделени 114 контејнери за комунален отпад од обезбедени 120, со што како што истакна градоначалникот Пеќески започната е реализиацијата и исполнувањето на обврските од овој проект.

„Во фаза на изведба е и улицата не подолга од 100 метри во ромското маало и веќе во постапка сме да изврпиме уплата на средства да можат неколку семејства кои немаат екелтрична енергија, да добијат. Останува понатаму реконсрукцијата на 15 куќи“ – истакна Звонко Пеќески.

Во Штип пак за реализиација на овој проект требаше да бидат изградени 100 типски куќи за социјално ранливите ромски семејства. Ова беше едно и од предизборните ветувања на сегашниот градоначалник на Штип, Сашко Николов, а беше започнато поставување на водовод и канализација на локацијата кај Мирјанина црква. Меѓутоа, локацијата се промени, а новата се уште е непозната.

„Имаме одново локација која помина со одобрение од Европската комисија која го финансира целиот овој проект и веќе сме во заврпшна фаза на инфраструктура“ – додаде Николов.

Инаку, Општата цел на проектот е  да ги унапреди домувањето, образованието и економските можности за Ромите и луѓето кои живеат во длабока сиромаштија преку подобрување на нивните услови за домување и пристап до социјални услуги во државата.

 Со проектот ќе бидат опфатени општините Штип и Берово како таргет општини каде што активностите од проектот ќе бидат имплементирани. Во рамки на проектот е предвидено вкупно 65 семејства (50 од Штип и 15 од Берово) да се здобијат со соодветни услови за живеење, преку изградба на нови живеалишта (општина Штип) и реновирање, регенерација и реконструкција на домови (општина Берово). Дополнително ќе се работи на урбанизирање на неформални населби во Штип и Берово преку усвојување на генерален урбанистички план и легализација на ромски куќи кои веќе почнале постапка за легализација. Во рамки на проектот ќе им биде овозможена целосна техничка и финасиска помош за успешно комплетирање на процесот на легализација на своите домови.  

Лаура Стојанова М-Нет