
Башкими во рамки на 11. коло од Втората лига ќе го пречека тимот на Осогово во меч каде домаќинот ќе биде голем фаворит за трите бодови, а овој натпревар ќе можете да го проследите ексклузивно само на М Нет Спорт.
Башкими е на третото место на табелата со 23 бодови, има ист број на бодови како Македонија ЃП која е втора и бод помалку од непоразениот лидер Брегалница. Натпреварот е важен и за двете екипи кои имаат различни цели. Башкими сака победа која за нив би била осма и со тоа ќе продолжат да ја водат борбата за првото место бидејќи Башкими има отворени амбиции за Прва лига.
Осогово има сосема други амбиции, а тоа е опстанок во Втората лига, па против Башкими ќе биде навистина тешко „жетварите“ да дојдат до второто сезонско славје.
Главен судија на мечот ќе биде Кирил Смоквоски од Прилеп. Натпреварот се игра в сабота од 13 часот, а истиот ќе може да го гледате ексклузивно само на М Нет Спорт.
Александар Ванев, М-Нет