Пензионерите ги „подигнаа“ пензиите за да можат да пазаруваат по новите „одмрзнати“ цени

Од денеска се одмрзнуваат цените на основните поризводи кои беа замрзнати претходниот период. Лебот, зејтинот, млекото и млечните производи, месото од денеска ќе бидат со нови цени. Граѓаните во Штип велат дека сега очекуваат цените на производите дополнително да пораснат иако посочуваат дека не ги почувствувале ниту претходно намалените цени.

„Ќе се каче, јас мислам дека ќе бидат повисоки цените, не беа ни намалени. Зејтинот беше 77 денари сега е 85 денари“ – велат граѓаните.

А ред се чекаше и пред банкоматите за да се подигнат октомвриските пензии. Пензионерите со малку повисоки пензии велат дека пари има точно колку да се помине месецот. За заштеда не останува ништо. Големи се трошоците за лекови и сметки, а мора и да се јаде.

Со Владината мерка за замрзнати цени беа опфатени 73 прехрамбени производи. Во наредниот период се планирани и кошнички со намалени цени пред празниците. Производите кои ќе бидат вклучени ќе зависат од временскиот период и од тоа што најмногу се троши.

Лаура Стојанова М-Нет