Во ЖИВО на М Нет: Слога Виница – Осогово, сабота од 15 часот

В сабота преку директен пренос од Виница, на М Нет телевизија ќе можете да го проследите дербито на Слога и Осогово од седмото коло на Втората лига.

Дерби во кое влогот од трите бодови е голем. Слога Виница ќе бара излез од резултатската криза бидејќи веќе има четири порази во низа и со три бодови е во долниот дел од табелата односно во зоната за директно испаѓање, а пак Осогово е во подобра форма и со седум бодови е на деветтата позиција или во бараж зоната.

Ова ќе биде дерби на Емил Грнев и Крсте Крстев, два стратези кои ќе се надмудруваат со фудбалската тактика на Градскиот стадион во Виница, а пак Крстев се враќа на добро познат терен бидејќи во минатото ја водеше екипата на Слога Виница.

Следете го дербито меѓу Слога и Осогово од Виница преку директен пренос на М Нет телевизија, сабота од 15 часот.

Александар Ванев, М-Нет