
Во новата сезона од пинг понг Суперлигата ќе се натпреваруваат десет екипи, а веќе е познат и распоредот.
Во новата сезона ќе се натпреваруваат Крива Паланка, Пелагонија, Шампион ФА од Штип, Телеком Нец 2, Радовиш, Младост 96, АС Ѓорче Петров, Крива Паланка, Астраион и екипата на Вардар.
Во рамки на првото коло екипата на Крива Паланка ќе се соочи со Вардар, првото коло го носи и соочувањето меѓу Пелагонија и струмички Астраион.
Штипски Шампион ФА ќе ги одмери силите со Крива Паланка, а пак Телеком Нец 2 ќе игра со АС Ѓорче Петров, додека пак Радовиш ќе игра со Младост 96.
Во рамки на второто коло Вардар ќе игра со Младост 96, АС Ѓорче Петров против Радовиш, Крива Паланка против Телеком Нец 2, а во рамки на второто коло ќе се соочат струмички Астраион и штипски Шампион ФА, додека пак Крива Паланка ќе ги одмери силите со Пелагонија.
Покрај Суперлигата во машка конкуренција, исто така има и Прва и Втора сениорска лига.
Во Првата лига се екипите на Берово 1 и Берово 2, Пелистер, Телеком Нец, Рисови, Борец Тим, Студент, Младост, Куманово и тимот на Дебар Маало.
Во Втората лига пак ќе бидат екипите на Младост 96 2, Патриоти 1 и Патриоти 2, Саса, Мара Лопка, Прилеп, Гевдион 2023, Кочани и екипата на Хепи.
Во однос пак на Првата женска лига таму ќе се натпреваруваат седум екипи односно Пелагонија, Крива Паланка, Берово, Младост, Младост 96, Хепи и штипски Шампион ФА.
Првиот турнус е закажан за 4 октомври, а ќе бидат одиграни натпреварите од првото коло со почеток од 11 часот. Берово ќе игра против Хепи, Младост против Младост 96, Крива Паланка со Шампион ФА, а слободна ќе биде екипата на Пелагонија.
Вториот турнир е закажан за 1 ноември со натпреварите од второто коло кое ќе стартува во 10 часот и натпреварите од третото коло кое ќе стартува во 14 часот.
Александар Ванев, М-Нет