
Викендот ќе се одиграат натпревари од деветтото коло кое беше одложеное поради локалните избори, а на М Нет телевизија ќе можете да го проследите натпреварот меѓу Слога Виница и Кожуф, меч кој се игра во сабота со почеток од 14 часот.
Ова ќе биде натпревар за излез од длабоката резултатска криза на Слога Виница, која веќе има седум порази, од кои шест во низа и тоа е повеќе од јасен сигнал дека веќе в сабота Слога ќе мора да забележи позитивен резултат.
Кожуф веќе четири натпревари не знае да победи, од последните пет меча има една победа, три ремија и еден пораз, а сега тимот гледа шанса да се врати на победничките патеки, односно да го искористи моментот на резултатската криза на Слога Виница.
Ова ќе биде дуел на два штипски тренери, Емил Грнев кој ја води Слога Виница и Иван Варадиновски кој го води Кожуф од Гевгелија.
Од 2020 година овие две екипи десет пати се соочиле меѓусебно, од кои осум мечеви во рамки на Втората лига, а два меча биле пријателски. Од овие десет меча Слога Виница има три победи, а пак Кожуф двапати беше успешен, додека пак пет натпревари завршиле без победник. Традицијата вели дека во Виница секогаш имало барем по еден до два погодоци.
Следете го соочувањето на Слога Виница и Кожуф на М Нет телевизија, сабота од 14 часот.
Александар Ванев, М-Нет