
Во сабота ќе се одиграат натпреварите од 25. коло на Втората лига, а на М Нет телевизија ќе го следите дербито меѓу Детонит Плачковица и Брегалница, соочување на двата штипски стратези Горан Здравков и Влатко Костов.
Ова е меч каде Брегалница ќе мора да го освои Радовиш, да го сочува првото место и да направи крупен чекор кон влез во Прва лига, бидејќи со неуспех во Радовиш односно пораз од Детонит Плачковица, ќе значи дека Брегалница би можела да заврши и на четвртата позиција, бидејќи конкурентите имаат полесни задачи овој викенд.
Првото соочување на двете екипи од 1 ноември 2025 година во Штип заврши без победник и без погодоци (0:0), а сега влогот за трите бодови е поголем.
Брегалница има пет победи во низа, а пак Детонит Плачковица врза три победи, „сините“ имаат 55 бодови, два повеќе од Охрид, Скопје и Шкендија Арачиново и од таа причина има притисокот да се освојат трите бодови во Радовиш.
Нијанси може да го одлучуваат победникот, бидејќи во меѓусебните дуели на двете екипи секогаш биле израмнети, а последните три натпревари завршиле без победник. Радовишани чекаат на триумф од 29 септември 2018 година кога ја добија Брегалница со 2:0 во Радовиш.
Домашниот терен или формата, тактика или грешка, останува да видиме што ќе пресуди за трите бодови во Радовиш. Дербито меѓу радовишани и штипјани следете го на М Нет телевизија сабота од 15:30 часот.
Александар Ванев, М-Нет