
Денес ексклузивно на телевизија М Нет ќе можете преку директен пренос да го проследите натпреварот од 18. коло од Втората македонска фудбалска лига помеѓу Пелистер и Арсими.
Овој меч е од голема важност и за двете екипи. Битолачни немаат право на грешка во атакот на местата кои водат директно во Прва лига. Откако ФФМ му одзеде три бода на Гостивар за случајот со Гордијан Христовски, сега Пелистер е во идеална шанса да ги напаѓа првите две места кои директно водат во Прва лига. На делба на врвот со по 40 бодови се Гостивар, Воска Спорт и Вардар, додека пак битолачни имаат 36 бодови и се наоѓаат на четвртото место.
Арсими е незгоден противник и игра во одлична форма на последните пет натпревари. Новајлијата во Втората лига има три победа и две ремија од последните пет среди, па гостите од Чегране во Битола патуваат повеќе од мотивирани и расположени за нов позитивен резултат со што многу порано би го завериле директниот опстанок во Втора лига.
Првото соочување на овие две екипи заврши со минимален триумф за Пелистер, а денес во Битола ќе гледаме неизвесен натпревар за трите бодови.
Правдата на овој меч ќе ја дели прилепчанецот Кирил Смоквоски, а стартот е закажан во 14:00 часот.