Во ЖИВО на М Нет: Беласица – Камјани, сабота од 13 часот

Дали Беласица или пак Камјани ќе го затворат есенскиот дел на Втората лига со победа?

Утре, сабота, на М Нет телевизија во живо ќе го следите натпреварот меѓу Беласица и Камјани од 13. коло на Втората македонска фудбалска лига.

Последен меч за есенската етапа, двете екипи силно атакуваат на трите бодови. Беласица со триумф може да има 19 бодови и доколку екипи пред нејзе не дојдат до целиот „плен“ ќе може да биде петта на табелата, а пак триумф за Камјани ќе значи четврто место на табелата и одлична есенска етапа за дебитантот.

Беласица во досегашниот тек од првенството има три победа, дури седум ремија и два порази, а пак Камјани е со шест победи, две ремија и четири порази. Камјани има подобар напад од Беласица со 15 гола во однос на 12-те на струмичани, а пак Беласица има подобра одбрана со 11 примени гола, а Камјани има примено 17 гола.

Средбата ќе ја суди штипјанецот Дарко Стојанов, а преносот на М Нет телевизија од Струмица ќе стартува во 13 часот.

Александар Ванев, М-Нет