ВМРО – ДПМНЕ предвидуваат зелена иднина за Штип со над 20 зелени површини во секоја населба

Слоганот „Создади нова иднина“ на ВМРО – ДПМНЕ предвидува повеќе паркови и зеленила за зелен и урбан град Штип. Кандидатот за градоначалник, Иван Јорданов, на денешната прес – конференција наведе низа проекти во повеќето делови од градот, кои предвидуваат зелена иднина.

„Предвидуваме: шумата кон Мирјанина црква, позната по огромните диви депонии и сечата на дрвја, уште во првите две години од мојот мандат да ја претвориме во огромен парк за спортување, рекреација и одмор. Овој градски парк ќе изобилува со урбана опрема и други содржини, а истиот ќе го чува месното население, при што ќе ја ликвидираме сечата на дрвја, а ќе ја подобриме економската и еколошката состојба во овој дел од градот. Во населбата Баби ќе ги подобриме условите во постоечкиот парк и ќе ги унапредиме детското и спортско игралиште со дополнителни содржини. Покрај бањата Кежовица просторот ќе го искористиме за создавање на парк за одмор и рекреација и тоа место ќе го претвориме во убава зелена површина, атрактивна за жителите и посетителите на бањата“, потенцираше тој.

Јорданов додаде дека се предвидени над 20 зелени површини во секоја населба и повеќе локални шуми со цел граѓаните да се одмораат и да го користат своето слободно време.

Ребека Спасова МНет