
Во рамки на претпоследното 17. коло од Третата македонска фудбалска лига – Југозапад Лирија и Сатеска од Волино ремизираа играјќи 0:0.
Светлост на домашен терен во Кукуречани со 2:0 ја доби Преспа од Ресен со двата гола на Менде Пачовски постигнати во 80. и 85. минута.
Влазними со 3:2 славеше над Кравари на домашен терен. Речица, Шадов и Доко беа стрелци за домашниот тим, а за гостинот погодија Лаковски и Неделковски.
Шампионот Кораб има 37 бодови, на второто место е Кравари со 25 бодови, Демир Хисар е трет 24 бодови, колку што има и Лирија која е место подолу, а на 5. место е Преспа со 17 бодови.
Влазними е шести со 12 бодови, колку што има и Светлост кој е место подолу. На претпоследното место е Сатеска од Волино со 11 бодови, а на дното е откажаниот Јанг Тим со девет бодови.
Александар Ванев, М-Нет