
Росоман со минимални 1:0 го доби Питу Гули на домашен терен со голот на Слободан Дуков во 95. минута.
Слога со 5:3 на домашен терен славеше над Превалец со двојните стрелци Фазлиоски и Рамовиќ и едниот гол на Каришиќ. За гостинот по еден гол постигнаа Чоков, Давитков и Дукадиновски.
Бучин повеќе не е „фенерџија“ откако со 4:3 славеше над Големо Коњари, екипа која откако ги загуби шансите за првото место и баражот, резултатски падна.
Мургкоски беше двоен стрелец, а по еден гол за Бучин постигнаа Стрезовски и Звездакоски. За гостинскиот тим стрелци беа Селманоски, Митрески и Даноски.
Некогашниот второлигаш Локомотива од Градско доживеа висок пораз од Младост од 0:4, па Локомотива од следната сезона ќе игра и во Општинската лига.
Александар Коцев си постигна автогол, а хет-трик постигна Никола Ѓорѓиев.
Ултрас на домашен терен со 1:3 беше декласиран од Борец, кој е шампион и патник во баражот за Втора лига. Трајкоски беше единствен стрелец за домашниот тим, а кај Борец двоен стрелец беше Стојанче Костадиновски, а еден гол постигна Пеце Стојанов.
Борец е прв со 48 бодови, Росоман е втор со 40 бодови, трет е Превалец со 39 бодови, Големо Коњари е на 4. место со 34 бодови.
Питу Гули е петти со 30 бодови, Слога е шеста со 28 бодови, Младост е седми со 25 бодови, Ултрас е осми со 17 бодови, Бучин сега е деветти со 13 бодови, Марена е на претпоследното место со 12 бодови, а Локомотива е последна со 10 бодови.
Александар Ванев, М-Нет