
Слаби Врнежи од снег забележани од утринава речиси во сите општини од Истокот. Ниски температури и врнежи и во пониските места се најавуваат и за утре. Од АМСМ потенцираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
„АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.“ – советуваат од таму.
Од таму потсетуваат и дека Од 15.11.2023 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2024 година.
На неколку патни правци заради врнежи од снег е воведена забрана за движење на тешки моторни возила. Од Македонија пат посочуваат дека се подготвени и дека веќе се на терен и се интервенира.
Лаура Стојанова М-Нет