Владата исплати девет милијарди денари за земјоделците, има ли мотив за работа?

Ќе има ли кој да ги наследи постарите земјоделци? Младите не сакаат ниту да слушнат

Иднината на земјоделството во државата е под сериозна закана, велат земјоделците. Иако владата во изманиот период исплати 9 милијарди денари за земјоделците, но сепак тоа дали е доволно?

И додека оваа финансиска помош е добредојдена, земјоделците алармираат: Доколку не се преземат мерки, Македонија за неколку години ќе стане целосно зависна од увоз на храна. „Без младите, земјоделството во Македонија ќе исчезне, Иднина е во прашање“,велат земјоделците,

Земјоделците велат дека нема кој а ги наследи, нивните сакани во странство, куќите празни, нивите речиси и тие.

Но додека од една страна Владата засега презема мерки, прашањето останува: Дали тоа ќе биде доволно за да го спасиме земјоделството, или повторо нивите ќе бидат речиси празни, а државата зависна од увоз?

Иван Митев, М-Нет