Викендот со осум екипи ќе започне Општинската фудбалска лига во Кочани

Овој викенд со осум екипи ќе започне новата натпреварувачка сезона 2024/2025 во Општинската фудбалска лига во Кочани или Четврта лига по ранг на натпреварување.

Учество ќе земаат екипите на Младост Тошев од Оризари, Кочани, Фудбал Старс, Бирлик Кочани, Задугар Исток Мермер, поранешниот третолигаш Чешиново 2015, Сокол Соколарци и екипата на Атлетико 2021.

Во рамки на првото воведно коло екипата на Младост Тошев на домашен терен во Оризари ќе го пречека Кочани, Фудбалс Старс сезоната ја отвара на домашен терен против Бирлик Кочани, Задругар Исток Мермер ќе игра против некогашниот третолигаш Чешиново 2015 во Долни Подлог, а пак Сокол Соколарци против Атлетико 2021.

Шампионот во ОФЛ Кочани се стекнува со право да земе учество во Трета лига – Исток за следната сезона 2025/2026. Мината сезона шампион беше Светлост од Зрновци, кој оваа сезона настапува во Трета лига – Исток.

Александар Ванев, М-Нет