
Со натпреварот меѓу Пелистер и Овче Поле кој се игра вечер стартуваат натпреварите од женскиот Куп на Македонија од првата фаза.
Како што веќе инфорамираше М Нет телевизија формираше се четири групи, од кои трите имаат по четири екипи, а едната е со три екипи.
Победникот од натпреварот меѓу Пелистер и Овче Поле ќе се соочи со Вардар кој е слободен, а победникот од тој натпревар оди на фајнл-фор.
Сите останати натпревари се играат утре. Спартак ќе игра со Шампион, а пак Металург против Стружанка, победниците ќе играат меѓусебе за место во фајнл-форот.
Во групата Б Астибо ќе се соочи со Куманово, а пак Чаир против Ѓорче Петров, практично ова е најтешката група, од каде победникот од првиот и победникот од вториот меч играат меѓусебе за следна фаза.
Во групата В ќе играат Скопје против Гевгелија, а пак Ѓорче Петров против Деспина. Победниците играат меѓусебе за место на фајнл-форот.
Победниците од четирите групи ќе играат на фајнл-фор турнирот, а организатор на истиот е Ракометната федерација на Македонија.
Извлекувањето на полуфиналните двојки ќе изведе на следниот начин: Во сад 1 ќе се стават 4 екипи победници во групна фаза а во сад 2 ќе се стават бројки од 1 до 4. Прво ќе се влече од сад 1 екипа а потоа од сад 2 бројка и согласно Бергер систем (1 / 4 и 2 / 3) ќе се добијат полуфинални парови. Победниците на полуфиналните натпревари ќе играат финале на КУП на Македонија. Финалниот турнир ќе се игра во 3 дена.
Александар Ванев, М-Нет