
Со свечено отворање започна првото издание на Фестивалот за современа музика 2023 година, во штипскиот Безистен. Вчеравечер пред штипската публика се престави Камерното трио со дела од странски и македонски композитори, а оваа вечер е резервирана за најдобрите студенти од вокално – инстурменталниот оддел, кои ќе изведат композиции на различни инструменти.
„На втората фестивалска вечер ќе настапат најдобрите студенти од вокално инструменталниот оддел. Тие ќе настапат односно ќе изведуваат композиции на различни инструменти. Единствената цел беше промоција на млади талентирани уметници, сегашни и идни студенти при Музичката академија и нормално штипската и македонската публика да може да слушне познати афирмирани уметници од земјава и странство“ – вели Митева.
Митева посочи дека Музичката академија при УГД во календарот на случувања иам низа концерти кои се одржуваат секоја година. Додаде дека овој Фесивал за современа музика би требало во иднина да стане традиција и да се одржува секоја година во континуитет.
Уписите на Музичката академија при УГД започнуваат кон крајот на месец август и траат до крајот на месец септември. Натавните програми и одделите веќе им се презентирани на идните студенти на отворените денови кои се реализираа претходно. Митева посочи дека новитет има на три студиски програми.
„Тоа се за удорачки инструменти, класичен саксафон и класична хармоника. Тоа се новитети на нашата Музичка Академија, а инаку сите студиски програми кои беа понудени остануваат и се надевам дека ќе ги задоволат потребите на идните студенти.“ – додава Митева.
Првото изданиена Фестивалот за современа музика 2023 година е во организација на Музичката академија при УГД.
Лаура Стоајнова М-Нет