
В.д. градоначалникот на Кочани Венко Крстевски го откажа музичкиот дел од одбележувањето на Петровден во Кочани. На социјалните мрежи тој напиша: ,,Животот продолжува, но трагедијата во дискотеката „Пулс“ нè остави во заложништво на болката, особено за родителите кои живеат со страв и загуба. Откажувањето на музичкиот дел од денешниот и утрешниот настан не требаше да се случи – не затоа што не ја почитуваме тагата, туку затоа што нашата обврска е да се грижиме за сите, да го вратиме нормалното секојдневие и да покажеме дека заедништвото се гради со храброст и заедничка работа, а не со запирање на животот. Оваа одлука иако донесена со добри намери и по консултации, истата ја преиспитувам, водејќи се од вашите емоции и потребата да се движиме напред.
Со срце и душа за Кочани!”- напиша Крстевски на социјалните мрежи.
Родителите на настраданите вечерва запалија свеќи пред бината кадешто требаше да се одржи музичкиот дел од одбележувањето на Петровден во Кочани.