
Плеј-аут сегментот од ракометната Суперлига ќе се доигра со еден екипа помалку, откако Ракометната федерација на Македонија денес информираше дека велешки Борец ФЛ е исклучен од натпреварување.
Причината поради која велешкиот клуб е исклучен од натпреварувањето е тоа што отпатува со девет играчи на Куп натпреварот против Еурофарм Пелистер 2 во Битола, а спроед пропозцииите треба да има најмалку 12 играчи и така тој меч не се одигра.
Сега битката во плеј-аутот ќе биде да се избегне претпоследното место кое води кон баражот за опстанок во Суперлига, па така екипите пред се на Струга и Радовиш ќе ја водат таа трка да го избегнат баражот.
Борец ФЛ не се прослави многу во Суперлигата бидејќи не успеа да ја одигра дебитантската сезона во Суперлигата и заврши неславно. До крајот петте преостанати натпревари во велешкиот тим од плеј-аутот ќе се регистрираат со службени 10:0 за противничките екипи и со одземање по еден бод од контото на Борец ФЛ.
Александар Ванев, М-Нет