Со реконструкција на улицата „Цвета Јованова“, целосно е завршена реконструкцијата во населбата Автокоманда во Штип

Прв асфалтен слој се постави на улицата Цвета Јованова во штипската населба Автокоманда. Ова е последна улица која се завршува со асфалтирање, а претходно се работеше и на подземната инфраструктура. Издвоени се околу 6 ипол милиони денари од општината, а се очекува да бидат уредени и тротоарски површини.

„Денес се нанесува првиот асфалтен слој. Улица „Цвета Јованова“ во населба Автокомада е последната улица која се уредува, се асфалтира. Се работеше и на подземната инфраструктура. Општина Штип инвестира повеќе од 6 ипол милиони денари за два асфалтни слоеви и третирање на тротоарските површини и поставување на павер елементи. Со ова населба Автокоманда е целосно уредена“ – вели Јорданов.

Сите улици во оваа населб акои претходно беа со коцка, денеска се реконструирани, асфалтирани со променета подземна инфраструктура.

„Останати се уште неколку делови од населбата Автокоманда, како дел од улицата Широк дол. Тие ќе бидат завршени наредниот период и со тоа целата населба е комплетно реконструирана“

Во меѓувреме се работи на повеќе локации во Штип, како на реконструкција на улици, така и на уредување на тротоарски површини, паркинг места, спортски игралишта и слично.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет