Вардарски го делат 90 минути од Втора лига, Богданци живее за фудбалот!

Шампионот во Третата македонска фудбалска лига – Исток, Вардарски од Богданци ја оствари својата посакувана цел, да игра бараж за можен влез во Втората македонска фудбалска лига.

Вардарски една сезона настапуваше и во фудбалската елита на Македонија, односно во првото издание од Првата лига сезона 92/93. Тогаш Вардарски испадна од елитата имаше големи падови настапувајќи во Втората, потоа во Третата лига, долги години го немаше на фудбалската карта на Македонија, но Вардарски одново се врати во Третата лига и по две сезони ја освои Трета лига – Исток и ќе игра бараж за Втора лига.

Гледачите на телевизија М Нет имаа можност преку два натпревари да го следат Вардарски во директни преноси, а последниот беше кога ја подигна шампионскиот пехар во Карбинци.

Со 11 победи, четири ремија и еден пораз екипата на Вардарски е на врвот со 37 бодови пред Слога Виница која беше најголем конкурент.

Вардарски веќе се подготвува за баражот, Богданци живеее за фудбалот, Богданци сака второлигашки фудбал, а со тоа и се враќа публиката на Градскиот стадион.

Вардарски во бараж мечот ќе се соочи со екипата на Кораби од Дебар која е шампион во Трета лига – Југозапад во Маџари.

Капитенот на Вардарски, Славе Танов за телевизија М Нет сезоната ја оцени како успешна, а притоа на Кораби му ја честиташе шампионската титула во Трета лига – Југозапад.

Како што вели Танов неговата екипа веќе ги прави последните подготовки и анализи за бараж натпреварот, додавајќи дека овие 90 минути ќе бидат многу неизвесни и возбудливи до самиот крај.

Овој бараж меч за влез во Втората лига ќе биде соочување на шампионот во Трета лига – Исток екипата на Вардарски од Богданци и шампионот во Трета лига – Југозапад екипата на Кораби од Дебар.

Александар Ванев, М-Нет