
ФК Вардар продолжува со активностите за засилување на играчкиот кадар. Нов член на „црвено-црните“ е 28-годишниот крилен фудбалер Стефан Цветковиќ, кој треба да донесе дополнителна брзина и офанзивни опции по страните.
Од клубот информираат дека трансфер активностите не завршуваат тука, бидејќи до крајот на викендот се очекува промоција на уште две засилувања, од кои едниот е актуелен репрезентативец.
Воедно, Вардар го потврди и враќањето на Дарко Велковски, кој повторно ќе го носи дресот на скопскиот клуб. Искусниот дефанзивец се враќа по интернационалната кариера и ќе биде значајно засилување за одбранбената линија.