
На вчерашната седница на Дисциплинската комисија при фудбалската федерација на Македонија беа донесни низа одлуки со кои неколку фудбалери се казнуваат со забрана за настап, а има и парични казни.
Фудбалерот на Новаци, Марцевски Антонио доби казна со забрана на настап од еден натпревар. Ќосески Дамјан кој го носи дресот на сега веќе новиот третиогалиш Каменица Саса се казнува со забрана на настап на два натпревари, а од овој клуб се казнува со забрана за настап од еден натпревар и фудбалерот Филип Николовски.
Стефан Филипоски фудбалер на третолигашот Борец од Велес се казнува со забрана на настап на еден натпревар.
Фудбалерите на сега веќе екс прволигашот АП Брера Струмица, Кире Стојанов и Марко Стојилевски се казнуваат со забрана за настап на еден натпревар.
Адил Адили фудбалер на третолигашот Влазними од Струга се казнува со забрана на настап на два натпревари.
Забрана за вршење на функцијата од еден месец доби и докторот на ФК Каменица Саса, Стојановски Драги.
ФК Вардар се казнува со 17.000 евра поради користење на пиротехнички средства на натпреварот од 33. коло со ФК Шкендија.
Александар Ванев, М-Нет