Вардар и Охрид утре во Гевгелија во битка наречена Суперкуп на Македонија – Гевгелија домаќин

ФОТО: РК Вардар1961

Утре во спортската сала „26 април“ во Гевгелија со почеток од 19 часот ќе се одигра Суперкупот на Македонија меѓу Вардар и Охрид. Дуел во кој Вардар ќе оди по петто освојување на Суперкупот, а пак Охрид ќе оди по историско освојување на истиот.

Гевгелија е подготвена да биде добар домаќин на овој ракометен спектакл, со кој се отвара новата сезона, а ова е прв дуел и за освојување на првиот трофеј.

Охрид двапати го добиваше Вардар во финалето на струшкиот и охридски турнир, а сега тежината за трофејот во Суперкупот ќе биде поголема.

Минатата година Суперкупот го освои Еурофамр Пелистер откако во Кавадарци со 28:27 го доби Вардар.

Историски гледало – Вардар има четири титули од 2017, 2018, 2019 и 2023 година, а пак тригодини губеше односно во 2021, 2022 и во 2025 година. Еурофарм Пелистер има три титули од Суперкупот во 2021, 2022 и 2025 година, а губеше во 2017, 2023 и 2024 година.

Алкалоид еднаш го освои Суперкупот во 2024 година, а пак Металург двапати играше во Суперкупот, но двапати губеше во 2018 и 2019 година.

Суперкупот е третата најважна титула во македонскиот ракомет после титулата во Суперлигата и Купот на Македонија, а во него учествуваат освојувачот на Супер лигата и освојувачот на Купот.

Во новата сезона Вардар ќе ја брани шампионската титула, а Охрид ќе оди по историско освојување на истата, а во трката ќе се вклучат и Еурофарм Пелистер и Алкалоид.

Дефинитивно сезона 2026/2027 ќе биде најсилната во македонскиот ракомет.

Александар Ванев, М-Нет