
Вардар со високи 3:0 го доби тимот на Брера Струмица на првиот полуфинален меч од Купот на Македонија и во Струмица на реваншот патува со три гола предност.
Вардар поведе во 26. минута кога Фаустин Сегнор постигна гол за 1:0, но на истиот протестираа од Брера за тоа дека голот е од офсајд позиција, но голот не беше поништен. Во вториот дел Вардар преку Матиќ и Закариќ ги постави конечните 3:0.
Во Тетово имаше понеизвесен меч каде Шкендија преку пресврт загуби од Струга со 1:2. Флорент Рамадани погоди за 1:0 на полувреме и водство на тетовскиот тим. Во второто полувреме Укпа погоди за 1:1, а пак во 82. минута Радески ги постави конечните 1:2 за триумф на Струга.
На 23 април ќе бидат одиграни реваншите.
Александар Ванев, М Нет