Вардар ги започна подготовки за пролетниот дел – формата ќе се темпира во Анталија

Есенскиот шампион во Првата македонска фудбалска лига, екипата на Вардар денес ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната. Првиот тренинг беше одработен на тренинг центарот на Вардар.

Вториот дел односно главната фаза ќе се одработи во Анталија, Турција, каде што ќе се одиграат и неколку пријателски натпревари преку кои ќе се проверува формата за вториот дел од сезоната.

Вардар претходно ја продолжи соработката со штипјанецот Михаил Маневски, Едиз Спахиу, Димитар Тодоровски и Диего Кастањеда до јуни 2028 година, а пак одби 350.000 евра за Мато, понуда која стигна од шткотскиот тим Хартс.

Вардар е лидер во Првата македонска фудбалска лига односо презимува на првото место со 42 бодови, еден повеќе од Струга која е втора, а Вардар во пролетниот дел покрај атакот на шампионската титула ќе атакува и на Куп титулата.

Александар Ванев, М-Нет