
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар во новата сезона ќе биде стабилен и ќе се бори за висок пласман на прволигашката табела.
Вардар минуваше низ најтешкиот период во неговата историја за конечно да го огрее сонце и да дојдат подобри денови за „црнове-црните“. Лани Вардар преку бараж се избори за опстанок, откако го совлада Детонит Плачковица од Радовиш со 2:0 во Струмица.
Веќе се договорени неколку компании кои ќе треба да го поддржат Вардар и со тоа тимот да има стабилен буџет, а со тоа да се ангажираат и соодвени засилувања и Вардар во новата сезона да се бори за излез во Европа.
Веќе се работи на средување на долговите и оној најважниот кон УЈП, па Вардар пополека се исправа и застанува на здрави нозе и во новата сезона ќе се стреми кон високи цели како и што доликува за најтрофејниот македонски фудбалски клуб.
Вардар е македонски фудбалски бренд, Вардар ја има најголемата и најорганизирани навивачка група без која Вардар немаше да опстои изминатиот период. Верните „Комити“ се секогаш тука за Вардар.
Александар Ванев, М-Нет