
Македонската фудбалска репрезентација на најновата ранг-листа на ФИФА забележа пад од две места на рангирањето за месец јуни која беше објавена денес од страна на светската куќа на фудбалот.
Македонската фудбалска репрезентација забележа два порази на пријателските натпревари со Хрватска и со Чешка, па тоа донесе и пад од две позиции, со што Македонија моментно е на 71. место во светот.
Грузија која настапува на Европското првенство во Германија е зад Македонија односно се наоѓа на 74. место. Во изминатиот период селекцијата на Исланд напредуваше за две места и сега се наоѓа на 70. место, а пак Јордан имаше напредок од три места и сега е на 68. место
На врвот нема промени и понатаму најдобра е Аргентина, втора е Франција, на третото место е Белгија. Бразил напредуваше за едно место и сега е на 4. место, Англија падна на 5. место, Португалија е шеста, Холандија е седма, Шпанија останува на осмото место, Хрватска напредуваше до деветтото место, а пак Италија има пад од едно место и се наоѓа на десеттото место.
Александар Ванев, М-Нет