
Македонскиот шампион Вардар со победа ги заврши квалификациите во Лигата на шампионите, откако со 2:3 го доби КуПС во гости, но поради поразот од 0:2 во Скопје, „црвено-црните“ ги завршија настапите во Лига на шампиони и се селат во квалификациите на Конференциската лига на УЕФА.
По 0:0 на полувреме во вториот дел Вардар дојде до предност од 0:2 и со тоа обезбеди продолженија, каде во неизвесна драма конечниот исход беше 2:3 за вкупно 4:3 со што Вардар сега се сели во Конференциската лига на УЕФА.
Вардар во второто квалификациско коло во КЛ ќе се соочи со Рига, екипа која е шампион на Летонија.
Летонскиот тим исто така се соочи со елиминација во ЛШ, откако загуби од Арарат со вкупни 4:3, по поразот во првиот меч од 2:0, на ревашнцот Летонците беа подобри со 3:2, но не беше доволно за пласман во следната фаза.
Првиот меч меѓу Вардар и Рига ќе се игра во Скопје на 22 јули со почеток од 20 часот на Националната арена „Тодор Проески“, а пак реваншот е закажан за 28 јули.
За Вардар ова ќе биде првпат да се соочи со клуб од Летонија на европската сцена.
Александар Ванев, М-Нет