Варадиновски: Целата заслуга за победата над Тетекс оди кај играчите!

Детонит Плачковица на домашен терен со минимални 1:0 славеше над Тетекс во рамки на 17. коло од Втората македонска фудбалска лига. Овој триумф за радовишани е повеќе од важен на патот кон освојување на некои од местата кои водат во Прва лига.

Тренерот на Детонит Плачковица, Иван Варадиновски, во изјава за телевизија М Нет вели дека е задоволен од играта во која се прикажани сите потребни елементи за да се стигне до победата, а која како што вели е заслуга на сите играчи.

„Целата заслуга за оваа победа оди кај играчите, од прв момент покажаа дека ја посакуваме победата во која ги покажавме сите потребни елементи за да дојдеме до неа“, вели тренерот Варадиновски за телевизија М Нет.

Следен предизвик за радовишани ќе биде тешкото гостување кај Вардар во Скопје.