
Колку се безбедни зградите во Штип. По земјотресите кои минатата недела беа почувствувани на тлото на Штип, се постави прашањето колу градбите може да издржат. Градежниот инженер, Владимир Бутлев е дециден дека зградите се солидно градени и можат да издржат земјотрес како катастрофалниот во Скопје.
„Би можеле да издржат како скопскиот земјотрес што беше, сигурно ќе го издржат. Објектите сега се градат солидно, се проектираат солидно, контролите се солидни и покрај тоа што ние мислиме дека не е така, во животот сѐ е во ред. Проектантот прави проект, пректот оди на ревизија, по ревизијата даваат стручно мислење и по неколку испитувања се дава сертификат и потоа се дава употребна дозвола за градба“, вели Бутлев.
Може да паднат предмети, да се скршат прозорци и врати, но објектот не може да се сруши, вели Бутлев. Како во Штип, така и во Истокот и во цела држава прописите се почитуваат и затоа имаме издржливи градби, па земјотресите од претходните денови не се опасни за штипјани.
„На целата територија на Македонија стандардите се тие и се применуваат и Пехчево и Делчeво и Дојран, секаде. Во Југославија, на југословенските простори, Македонија е на врвот вклучувајќи ја и Грција, ние сме врвна градбата, макар да не е скромно да кажеш, ама не може сѐ да не ти е погодено“, додава Бутлев.
Бутелв, кој беше дел од емисијата „Зум анализа“, потенцираше дека простор за паника нема, бидејќи земјотресите со интензитет четири и помалку од четири нема да предизвикаат штета во Штип. При појак земјотрес би се срушиле 1% од градбите и исто толкав е процентот на население кое би било повредено.
Лаура Стојанова М-Нет