
В недела се играат натпреварите од 16. коло од Третата македонска фудбалска лига, а веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари, кои ќе стартуваат во 15 часот.
- ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 16. КОЛО ТМФЛ – ЈУГОЗАПАД:
Новаци – Преспа, Анѓеле Спироски (Струга)
Лирија – Кораб, Љупчо Богдановски (Битола)
Демир Хисар – Влазними, Александар Мартиновски (Охрид)
Иднина Боровец – Сатеска, Илија Груевски (Битола)
Јанг Тим – Кравари, Енис Зекмановски (Ресен)