Брера Струмица до важна победа над Арсими, Шкупи закован на дното без бодови, Струга победнички во Кратово

ФОТО: Александар Ванев

Седмата рунда во Првата македонска фудбалска лига донесе погодоците на сите натпревари, а истата се комплетира со денешниот меч меѓу Пелистер и Башкими.

Брера Струмица преку пресврт со 2:1 славеше над Арсими, па така струмичани освоија три големи бодови со кои се искачија на средината од табелата.

Силекс забележа втор пораз во низа откако загуби од Струга Трим Лум, овој пат на домашен терен во Кратово со резултат од 1:3. Победничката низа која ја имаше Силекс беше запрена во Куманово од Башкими во претходното коло, а сега следува пак втор пораз во низа.

Вардар преку пресврт со 3:1 славеше во скопското дерби против Работнички, а пак Шкендија со минимални 1:0 го доби Тиквеш на домашен терен. Македонија ЃП со 0:2 го доби Шкупи кој влезе во голема резултатска криза, откако тимот од Чаир нема позитивен резултат и истиот е закован на дното од табелата без бодови.

Александар Ванев, М-Нет