
Бремените жени со симптоми на настинка мора веднаш да останат дома.Во период на засилена циркулација на вируси, вклучувајќи го и сè уште присутниот ковид, докторите предупредуваат, секoја инфекција кај бремените се манифестира различно и може да предизвика различни симптоми, па затоа е важно да се внимава на секој знак на настинка.
Д-р Валентина Митрова, специјалист по семејна медицина, вели дека и најлесни симптоми – болка во грлото, треска, замор или гастрични тегоби – се доволна причина бремените да се повлечат од работните места, особено ако се во колектив.
Работодавците треба да покажат разбирање, а бремените жени – да останат во домашни услови сè додека не им се подобри состојбата.
Иако ковид вирусот е со намален интензитет, лекарите потсетуваат дека тој и понатаму е дел од сезонската слика и манифестациите се различни кај секого.
,,Бремените жени, кога работат во колектив со повеќе и кога имаат вакви случаи, треба да останат дома во домашни услови. Да им се подобри здравствената состојба се со цел да не дојде до ширење и несакани последици, затоа што не знаеме колегата или онаму каде што ќе се движиме од што болест има. За нас може да биде баналана настинка, но за некого може да биде фатална. Ова е во склоп на ковид вирусот, кој што е одомакинет и со помал интизитет, а експертите кажуваат дека ќе биде меќу нас присутен.Кај секого различно се манифестира, кај некого е со намален вкус, мирис, болка во грлото, треска, температура, мускулна болка, но има и мешавина со појава на гастрични тегоби, како болки грчеви, течни столици и намален апетит. “, рече Митрова
Да се избегнува простор во затворени простории, како и да ги почитува секојдневните препораки на лекарите како често миење на рацете, миење на рацете, термички преработена, користење на фалишарна вода
Сите бремени жени треба да ја сфатат својата здравствена состојба сериозно, додаваат лекарите и да ги следат нивните препораки. Останувањето дома при првите симптоми на настинка не е само лична заштита, туку и одговорност кон здравјето на бебето и околината. Само со внимателност и грижа можеме да го намалиме ризикот од сериозни последици и да обезбедиме безбедна и здрава бременост.
Иван Митев, М-Нет