Брегалница тргнува во офанзива: Следуваат големи засилувања, се очекуваат дури осум интернационалци!

Штипска Брегалница го означи почетокот на летниот преоден рок и најави сериозна реконструкција на тимот во пресрет на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.
Од клубот порачуваат дека со јасна визија, нова енергија и високи амбиции започнува формирањето на конкурентен состав кој ќе одговори на предизвиците што претстојат. Во наредниот период ќе бидат претставени новите фудбалери кои ќе го засилат „синиот“ тим.
Според информациите, Брегалница се очекува да ангажира дури осум интернационалци, а првите позначајни засилувања би требало да бидат промовирани веќе наредната седмица.
Во клубот владее оптимизам по влегувањето на новиот приватен инвеститор.