
Штипскиот прволигаш Брегалница го претстави своето прво зимско засилување за пролетните предизвици во Првата македонска фудбалска лига.
Старо-нов играч е Михаил Маневски, кој се враќа во редовите на Брегалница од прволигашот Гостивар, а во својата кариера 24-годишникот кој игра на позицијата лев бек беше дел од Шкендија, Силекс и Брера Струмица.
Маневски важеше за миленик на штипската публика и ќе биде големо засилување за „сините“ за пролетниот дел.
Брегалница веќе ги стартуваше подготовките за пролетната полусезона.
Александар Ванев, М-Нет