
Денес беа одиграни натпреварите од осминафиналната рунда од Купот на Македонија. Гледачите на телевизија М Нет имаа можност да го следат мечот меѓу Брегалница и Пелистер во живо од Градскиот стадион во Штип.
Во следната фаза од Купот се пласираа екипите на Брегалница, Академија Пандев, Вардар, Шкупи, Шкендија, Струга Трим Љум, Силекс.
Фудбалерите на Брегалница до следната фаза од Купот стигнаа со триумфот на Пелистер од минимални 1:0. Стрелец на победничкиот гол вреден следна фаза од Купот за штипјани беше Ѓорѓи Ѓорѓиев, кој погоди во 64. минута.
Најубедлива победа однесе Академија Пандев со 9:0 против третолигашот Љуботен, што беше и очекувано, Шкендија со 5:0 го декласираше Скопје, Шкупи со 6:0 беше пресилен за второлигашот Воска, Вардар со 4:0 ја доби Фортуна.
Струга обезбеди следна фаза откако со 2:1 славеше над Работнички во прволигашкиот дуел, Силекс со 0:1 славеше против Тиквеш.
Колку за потсетување, дуелот меѓу Победа и Македонија ЃП е одложен за 19. октомври, поради настапот на младинците на Победа во младинската Лига на шампиони.