Брегалница официјално го промовираше голманот Амир Јашар

Амир Јашар денес и официјално беше претставен во дресот на Брегалница, „сините“ од Штип имаат нов голман за новата сезона.

Јашар кој има 35 години доаѓа од Башкими, а во минатото ги чуваше головите на Скопје, Гостивар, Шкупи, Тетекс, Дрита од Боговиње и последно Башкими, а меѓународна кариера градеше во Косово, носејќи го дресот на Вуштрија и Влазнија.

Брегалница сезоната ја отвара против шампионот Вардар во гости.

Александар Ванев, М-Нет