Брегалница освои голем бод на гостувањето кај Башкими, „сините“ се враќаат со реми од Куманово!

фото: архива/м нет спорт

Фудбалерите на Брегалница Штип освоија значаен бод на гостувањето кај Башкими, откако во натпреварот од 13. коло во Првата македонска фудбалска лига одиграа 1:1. Штипјани покажаа карактер и успеаја да се вратат во натпреварот по негативата од првото полувреме.

Домаќините први се радуваа на гол. Нигериецот Фавзи во 27. минута ја затресе мрежата на Брегалница за водство од 1:0, резултат со кој екипите заминаа на пауза.
Во вториот дел Брегалница заигра со поголема желба за израмнување, а притисокот вроди со плод во 72. минута. Маское постигна гол за 1:1 и донесе голема радост во таборот на „сините“, кои успеаја да се вратат во резултатски егал.
До крајот на средбата резултатот не се промени, па Брегалница од Куманово се враќа со бод на своето конто.
Ова реми е значајно за штипскиот прволигаш, кој продолжува со борбата за што подобар пласман во елитното македонско фудбалско друштво. Освоениот бод на гостински терен може да биде дополнителен мотив за продолжението од шампионатот.
Башкими – Брегалница 1:1 (1:0)
Стрелци: Фавзи 27′ – Маское 72′.